Бензините поевтинуваат за 2,5, дизелот за 1,5 денари
Од полноќ Еуросупер 95 ќе се продава за 81 денар, 98-цата за 83 денари. Еуродизелот на бензинските пумпи ќе се точи за 82 денари литар. Екстралесното масло за домаќинство ќе има пониска цена за денар, ќе се продава за 78,5 денари, а мазутот за 54,154 денари за килограм.

Од полноќ поевтинуваат нафтените деривати. Регулаторната комисија ја направи новата пресметка. За 2,5 денари се намалува цената на бензините, за 1,5 дизелот.
Од полноќ Еуросупер 95 ќе се продава за 81 денар, 98-цата за 83 денари. Еуродизелот на бензинските пумпи ќе се точи за 82 денари литар. Екстралесното масло за домаќинство ќе има пониска цена за денар, ќе се продава за 78,5 денари, а мазутот за 54,154 денари за килограм.
Според Регулаторната комисија за енергетика дериватите се намалуваат во просек за 2,5 насто.
