Тутунопроизводителите од Прилеп дебатираа за конвенцијата на СЗО

07.04.2014 10:11

Дебата во Прилеп: Импликации на конвенцијата на Светската здравствена организација на производството и фабрикацијата на тутунот. Има можности за заштита на тутунопроизводството од кое во земјава живеат над 200.000 граѓани...

Тутунопроизводството мора да се заштити и да му се обезбеди развој. Од него живеат 30-тина милиони луѓе во светот, а над 200.000 во земјава,  констатираа учесниците на дебатата за импликациите на Конвенцијата на светската здравствена организација за намалување или пренамена на површините со тутун.

Друга алтернатива за тутунот, односно култура која би дала таков економски ефект од единица површина, нема. Ако може нашата држава во тие членови од Конвенцијата да отстапи“, вели професор доктор Златко Арсов од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Избегнувањето на употребата на адитивите е една од мерките за заштита на оваа гранка.

„Иднината би била на натуралните цигари, затоа што за сметка на тоа што ќе биде стопирана употребата на адитивите во цигарите“, вели  доктор Мирослав Димитриоски од Институтот за тутун од Прилеп.

Сојузот на тутунските здруженија со апел до институциите.

Да гласа против мерките на Светската здравствена организација, да ги заштити тутунопроизводителите, да нема намалување на површините, а воедно и Декларација до ОН, до Европската унија и до СЗО. И понатаму да се засадува тутун, да можат овие луѓе да живеат“, вели  Данчо Милески претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Пред новото призводство, тутунарите очекуваат помош од државата за потпишувањето договори со откупувачите.

Очекуваме нешто од оваа влада, од министерот да ни помогне“, вели  Муса Ибраимоски, тутунопроизводител од Долнени.

Домашните и италијанските научници го отворија прашањето за производството на биодизел гориво од тутунот. Ќе стигнат  резулатите од студијата, а италијанските искуства се стари 60 ина години.

 

Елизабета Митреска