ТЕНИС

Алкараз најмлад освојувач на турнирот во Мајами

04.04.2022 13:38

Тој во одличен финален меч на мастерс турнирот во Мајами беше поуспешен од норвежанецот Каспер Руд по два сета (7:5, 6:4) и речиси два часа игра, со што стана најмладиот освојувач на турнирот во Мајами.

Младиот 18 годишен шпански тенисер Карлос Алкараз за прв пат беше славеник на турнир од серијата Мастерс 1.000. Тој во одличен финален меч на мастерс турнирот во Мајами беше поуспешен од норвежанецот Каспер Руд по два сета (7:5, 6:4) и речиси два часа игра, со што стана најмладиот освојувач на турнирот во Мајами. Ќе потсетиме тој пред финалниот победоносен дуел заокружи на 50 победи со само 18 години и 10 месеци, што го носи до импозантната бројка триумф и пред Ѓоковиќ и Федерер кој со 19 години и некој месец стигнале до 50-ката, додека само Надал со 18 години и 7 месеци е пред Алкараз.

Со победата во Мајами, шпанското момче се искачи на 11-тото место на АТП поредокот, а го делат минимални 29 бодoви од топ десетката на светската тениска скала.

Потсетуваме, на женскиот дел од турнирот победничка стана Ига Швјотек која беше доминантна во финалето од некогашната прва тенисерка на планетава, јапонката НаомиОсака. Швјотек стана само четврта тенисерка или севкупно единаесетта, која успева да ги освои во еднагодина мастерсите и во Индијан Велс и Мајами.