Новата недела, со нови промени во тенискиот поредок
Новак Ѓоковиќ ја стартува својата 364-та недела како број еден тенисер во светот, но разликата со вториот Данил Медведев е само 10 бодови...
Новак Ѓоковиќ ја стартува својата 364-та недела како број еден тенисер во светот, но разликата со вториот Данил Медведев е само 10 бодови. Рускиот тенисер пак, ја пропушти шансата за преземање на тенискиот светски врв со елиминацијата во четврт финалето на мастерс турнирот од серијата 1.000 во Мајами. Следниов период се отвора шанса кај србинот за поголем прогрес, бидејќи Медведев поради повреда оди на операција.
Од друга страна, Ѓоковиќ се враќа на терените каде започнува сезоната на турнири на земја, а веќе е најавено присуство на Новак во Монте Карло. Неучеството пак, на Рафаел Надал во Мајами, очи ни пад од третото на четвртото место, односно замена на позициите со Зверев, кого пласманот во четврт финалето на мастерсот во Мајами го смести на третото АТП место. Норвежанецот Каспер Руд кој беше дел од финалниот меч во Мајами се искачи на 7-то место, потиснувајќи го Рубљев на 8-то. Освојувачот на првиот за себе турнир од серијата Мастерс 1.000, 18 годишниот Карлос Алкараз го забележа најголемиот скок неделава од пет места, сега е 11-ти или заостанува само 29 бодови од топ десетката на АТП.
Кај тенисерките од денеска најдобра на светот е Ига Швјотек од Полска, благодарение најмногу на освоените два турнири во изминативе две недели од серијата 1.000 во Индијан Велс и Мајами.
