Случај „Плацеви на Водно“

Судот ги замрзна трите стана во „Панорама“ кои наводно се чувале за Груевски

04.04.2022 14:44

Становите, со вкупна површина од 750 метри квадратни, на хартија се на фирмата „ССИ инвестмент“, но според Орце Камчев и неговиот зет Мето Стојчевски, тие се чувале за Груевски, а за замена за плацевите на Водно.

Од денеска замрзнати трите луксузни стана во „Панорама“ на Водно, кои наводно се чувале за екс- премиерот Никола Груевски. Одлуката ја донесе Кривичниот суд, по барање на обвинителката Лиле Стефанова, застапник на обвинението во случајот „Плацевите на Водно“.

Становите, со вкупна површина од 750 метри квадратни, на хартија се на фирмата „ССИ инвестмент“, но според Орце Камчев и неговиот зет Мето Стојчевски, тие се чувале за Груевски, а за замена за плацевите на Водно.

Овие плацеви, пак се на име на сопругата на бизнисменот Сергеј Самсоненко, кој сега бара нивно одмрзнување.

Завршните зборови за случајот се закажани за 12-ти април, по што ќе биде објавена пресудата.