Здравство

41 нов случај со Ковид-19, починати три лица

04.04.2022 14:46

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.566.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.024 тестови, а регистриран е 41 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1. Од вкупниот број на позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции.

Регистрирани сe 457 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Кичево (89г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 год. Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.566.

Досега во земјата се направени вкупно 1.970.059 тестирања на КОВИД-19.