Реванш нстпревар

Бабиќ: „Тимот е посилен од поединците“

04.04.2022 16:07

Со негатива од 3 гола по поразот во Нашице со 29-26, ракометарите на Еурофарм Пелистер утре во Битола го пречекуваат хрватски Нексе во реванш натпреварот од осминафиналето во Европската лига...

Со негатива од 3 гола по поразот во Нашице со 29-26, ракометарите на Еурофарм Пелистер утре во Битола го пречекуваат хрватски Нексе во реванш натпреварот од осминафиналето во Европската лига. Тренерот на битолчани Жељко Бабиќ е оптимист пред дуелот.

„Се подготвуваме нормално, иако имавме натпревар во саботата. Одигравме агресивно и добро, па победивме. Имавме видео анализа на Нексе, денес ќе имаме тренинг со понизок интензитет, како и утре пред дуелот. Сметам дека екипата на Нексе по еден параметар е меѓу подобрите во Европа, ама не сакам да откријам за што се работи. Ние сме подготвени за реваншот. Периќ не е 100% подготвен, се враќа по повредата. Секако дека тој е важен играч, капитен е на тимот ама екипата покажа дека може да победува и без него. Сакам тој секогаш да е тука, но во Еурофарм Пелистер тимот е посилен од поединците“, рече Жељко Бабиќ.