Антиќ со 18 поени, Дјурант и Смит рекордери, Портланд обезбеди плеј оф
07.04.2014 10:25
Атланта ги задржа домашните кошаркари на мизерни 23 поени во првото полувреме, гостите имаа предност и 32 поена на теренот на тимот со најдобриот домашен скор сезонава...

Македонецот во дресот на Атланта постигна за него најмногу на еден НБА натпревар, 18 поени за 27 минути игра, во победата на Хокс против Пејсерс 88:107. Четворица од стартерите на гостите имаа двоцифрен број на поени, а ги предводеше Тиг со 25. Милсап постигна 17, Корвер имаше 11 поени. Атланта ги задржа домашните кошаркари на мизерни 23 поени во првото полувреме, гостите имаа предност и 32 поена на теренот на тимот со најдобриот домашен скор сезонава.
Кевин Дјурант е новиот рекордер во натпреварите со +25 поени, откако постигна 38 во поразот од Феникс, 122:115. Дјурант има 41 меч во серија, што е за 1 натпревар подобро остварување од она на Мајкл Џордан во 87-та, кога славниот МJ имаше 40 натпревари едно подруго со најмалку 25 поени. Ова и тоа колку ја зацврстува позицијата на Дјурант, во обидот да стигне до првото МВП признание на регуларниот дел од сезоната, во неговата кариера.
ЏР Смит упати рекордни 22 шута за три поени, погоди 10, во поразот на Њујорк од Мајами со 102:91. Леброн Џејмс постигна 38 поени за победникот, а Смит беше втор стрелец на мечот со 32 поена. ПОртланд обезбеди плеј оф со победата против Њу Орлеанс, од 100:94.
На другите средби:
Голден Стејт - Јута 130:102
Хјустон - Денвер 130:125
Сан Антонио - Мемфис 112:92
Далас - Сакраменто 93:91
Клиперс - Лејкерс 120:97
