Лејкерси се подалеку од плеј-офот
Лејкерси губат во серија, па сè се подалеку и од 10-тото место во конференцијата што води во разигрувањето за пласман во плеј-офот..

На екипата на Лос Анџелес Лејкерс неопходни и се победи за да избегне еден од најголемите дебакли во историјата на клубот, односно да не обезбеди место ниту во плеј-ин натпреварите откако 6-тиот пораз во серија го забележаа на домашен терен од екипата на Денвер со 129-118.
Натпреварот беше израмнет до завршните 5 минути кога Јокиќ ги презеде работите во свои раце, асистираше, погодуваше, но и во дефанзива со 3 украдени топки и две блокади ги урна надежите на Лејкерси за прекин на лошата серија. На крајот српскиот кошаркар заврши со 38 поени, 18 скока и 6 асистенции. За Лејкерс поради повреда не настапи Леброн Џејмс, а во негово отсуство Дејвис и Вестбрук беа најефикасни со 28 односно 27 поени, но недоволно за победа, по што тимот од Лос Анџелес е 11-ти на табелата во западната конференција со 31 победа и 47 порази.
Уште еден српски кошаркар имаше одлична вечер. Младиот Алексеј Покушевски со симптоми на грип го запиша својот прв трипл дабл во кариерата и со 17 поени, 10 скока и 12 асистенции ја предводеше екипата на Оклахома до триумфот над Феникс со 117-96.Филадлфија со 112-108 на гости славеше кај Кливленд со 112-108 и обезбеди место во плеј-инот, а истото го направи и составот на Лос Анџелес Клиперс кој дома со 119-100 славеше над Њу Орлеанс. Голден Стејт на гости беше подобар од Сакраменто со 109-90 и го потврди настапот во плеј-офот, а гостински победи славеа и Њујорк над Орландо со 118-88, Минесота над Хјустон со 139-132, како и лидерот на истокот Мајами на гостувањето кај Торонто со 114-109.
