Москва со честитки за победите на Орбан и Вучиќ
Потпретседателот на Советот на руската федерација Константин Косачев, ја честиташе не само победата на Унгарија, туку и на Србија, велејќи дека двете земји го потврдиле својот суверенитет..

Актуелниот премиер на Унгарија Виктор Орбан останува на функцијата. Со две третини од пратеничките места во собранието, тој со неговата партија Фидес понесе убедлива победа пред обединетата опозиција. Во своето обраќање по изборниот резултат, изјави дека големата победа се гледа дури и од месечината, но секако, ја гледаат и во Брисел.
Честитки за реизборот пристигнаа од Москва. Потпретседателот на Советот на руската федерација Константин Косачев, ја честиташе не само победата на Унгарија, туку и на Србија, велејќи дека двете земји го потврдиле својот суверенитет, и дека вистинските суверени држави на Европа може да се избројат на прстите од едната рака.
