Фронтекс

Илегалните премини двојно зголемени во февруари

04.04.2022 16:54

Граничната служба на ЕУ, соопшти дека бројот на илегални премини на надворешните граници на унијата споредбено со лани, е зголемен за една четвртина, односно 61 насто..

„Трасата со најголем број илегални премини минува низ западен Балкан. Само во првите два месеци од годинава, забележани се вкупно 11 илјади и 700 премини“- стои во последниот извештај на Фронтекс.

Според Европската агенција, бројките се двојно зголемени во споредба со истиот период лани. Граничната служба на ЕУ, соопшти дека бројот на илегални премини на надворешните граници на унијата споредбено со лани, е зголемен за една четвртина, односно 61 насто. Во податоците доставени од Фронтекс не се вклучени премините на украинските бегалци.