Ковид-19

Пекинг испрати војска и илјадници здравствени работници во Шангај

04.04.2022 19:10

Пекинг испраќа во Шангај 10-илјаден здравствен персонал, вклучувајќи и 2.000 воени лекари за да помогне во справувањето со растечкиот број случаи на Ковид-19...

Пекинг испраќа во Шангај 10-илјаден здравствен персонал, вклучувајќи и 2.000 воени лекари за да помогне во справувањето со растечкиот број случаи на Ковид-19.

Во Кина, во последното деноноќие се регистрирани 13 илјади случаи, од нив 12 илјади асимптоматски.

Во Шангај со 25 милиони жители, има девет илјади случаи во последниве дваесет и четири часа.