Воен конфликт

Бајден: На Путин да му се суди за воени злосторства

04.04.2022 19:49

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „тоа што се случи во Буча е ужасно и рускиот претседател Владимир Путин треба да одговара за воено злосторство“...

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „тоа што се случи во Буча е ужасно и рускиот претседател Владимир Путин треба да одговара за воено злосторство“. Тој посочи и дека планира повеќе санкции против Русија.

Зеленски ги нарече руските акции „геноцид“ и го повика Западот да примени построги санкции против Русија.

Кремљ негираше дека руските трупи кои ја окупираа областа пред да се повлечат кон крајот на минатата недела се одговорни за убиствата.