Швајцарија - Италија и Франција - Чешка во Дејвис Куп 1/2 финалето

07.04.2014 10:26

Чесите победуваа во претходните две изданија на Дејвис Купот и во моментов се во најдобра форма од сите репрезентации...

Три средби завршија со тесен резултат 3:2 и беа неизвесни до крајот, а последен заврши двобојот меѓу Швајцарците и Казахстанците, со победата на Федерер против Голубев од 3:0 и пласманот на Швајцарија во 1/2 финалињата во Дејвис купот прв пат по 11 години.
 
Франција губеше со 0:2 од Германија, но со победите во двојки и во вториот натпреварувачки ден стигна до целосен пресврт и пласман во следната рунда, на мегдан со Чешка.
 
Чесите победуваа во претходните две изданија на Дејвис Купот и во моментов се во најдобра форма од сите репрезентации. Чешка ја прегази Јапонија со 5:0.
 
Полуфиналните викенди се закажани за 12 и за 14 септември.