Свет
Германија протера 40 руски дипломати
04.04.2022 20:14
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја објави одлуката за протерување на 40 руски дипломати..

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја објави одлуката за протерување на 40 руски дипломати, вработени во руската амбасада во Берлин, како „персона нон грата“.
На овој потег портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија ќе одговори на протерувањето на руските дипломати од Германија.
