СОНК - Влада

Договор нема, преговорите продожуваат

04.04.2022 20:32

Доколку до понеделник не се најде компромис, в понеделник генерален штрајк во образованието..

Заврши преговарачката рунда меѓу СОНК и владата – договор нема, но преговорите продолжуваат.

Доколку до понеделник не се најде компромис, в понеделник генерален штрајк во образованието. Од СОНК велат дека владата не ја сфаќа сериозно најавата за протест.

Од Владата пак само порачуваат дека доколку има штајк, ќе има заменски воспитувачи во градинките.