СОНК и Владата повторно без договор
Нема договор меѓу СОНК и ресорните министри по средбата во Министерството за финансии...

Нема договор меѓу СОНК и ресорните министри по средбата во Министерството за финансии. Синдикалците побараа зголемување на мартовските плати за 18,4 проценти и порамнување со минималната плата на национално ниво за наредните исплати, но од финансии им било кажано дека нема средства за нивните барања.
„За жал немаме краткорочно решение со кое сега и веднаш ќе се зголемат платите за дејностите кои ги застапуваме за процент од 18,4 отсто. За жал никаков процент, никакви бројки не беа изнесени на маса. Од една страна излегуваме разочарани што немаме што да пренесеме ниту на јавноста ниту на членството. Очигледно, или несериозно се сфаќа дека ќе има генерален штрајк на 11 април кој може да има сериозни последици за сите. Имаше изјави дека покачувањето може да предизвика потрес на буџетот и инфлација, но не верувам дека тоа е така“, изјави Јаким Неделков-претседател на СОНК.
Министерката за труд и социјална политика по средбата со синдикалците изјави дека се работи на долгорочно решение за платите во јавниот сектор.
„Дијалог продолжува ние сме оптимисти дека ќе дојдеме до заедничко долгорочно решение до 11 април“, изјави Јованка Тренчевска-министер за труд и социјална политика.
Синдикатот најави генерален штрајк на 11- ти април на своето членство доколку не се постигне договор со владата.
Ирина Гелевска
