„Палјачи“ на сцената на Националната опера и балет
Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев.

Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 8-ми април 2022-ра со почеток во 20 часот.
Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев. Сценограф е Илина Ангеловска, костимограф Никола Булески, кореограф е Олга Панго, концерт мајстор Јане Бакевски, а хор мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.
Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Марјан Јованоски, Дејан Стоев, Васко Здравков, балетските играчи: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
