Совети за здрави и тонирани раце

07.04.2014 10:29

Пиењето вода може да ви помогне да ја намлите телесната тежина и да направи да изгледате послабо. Со оглед на бројните позитивни ефекти на фитнесот и метаболизмот, внесувањето доволна количина вода треба да биде основа на сите физички аткивности.Ако постојано вежбате една иста кардио рутина, како на пример трчање на лента или возење статичен велосипед, тогаш работите на едни исти мускули, т.е. на нозете, а со текот на времето ефектот се намалува и врз нив. За да ги вклучите и рацете во вежбите, започнете да правите варијации.

Пиењето вода може да ви помогне да ја намлите телесната тежина и да направи да изгледате послабо. Со оглед на бројните позитивни ефекти на фитнесот и метаболизмот, внесувањето доволна количина вода треба да биде основа на сите физички аткивности.Ако постојано вежбате една иста кардио рутина, како на пример трчање на лента или возење статичен велосипед, тогаш работите на едни исти мускули, т.е. на нозете, а со текот на времето ефектот се намалува и врз нив. За да ги вклучите и рацете во вежбите, започнете да правите варијации. Спринтувајте на ридови, удирајте во боксерска вреќа, работете со тегови, итн.Скокањето со јаже ќе донесе значителен напредок во тонирањето на рацете. Не само што оваа вежба е одличен кардио тренинг, туку е многу корисна за изгледот на рацете.Голем број од луѓето кои вежбаат во теретана, при секоја посета ги вежбаат сите вежби. Проблемот со ваквото вежбање е фактот што не посветувате доволно време на секоја мускулна група, а од друга страна, мускулите се постојано оптоварени и немаат време за закрепнување, кога се случува зајакнувањето. Затоа, раздвојте ги сесиите, на различни мускулни групи. Одвојте барем еден тренинг неделно само за рацете.Кога ќе започнете да се храните здраво (овошје, зеленчук и квалитетно месо), тогаш полека започнувате да ја намалувате телесната тежина. Кога се намалува тежината, се намалуваат масните наслаги, се тонираат рацете и полека се намалува ризикот од компликации на здравјето.Постои еден стар фитнес мит дека користењето лесни тегови и поголемиот број повторувања ќе ви ги тонираат рацете. Ова едноставно не е точно. За да се тонираат рацете, мора да се форсираат мускулите со поголема тежина (или отпор). Нивното зајакнување е она што ќе им обзебеди дефиниција на мускулите и подобро здравје за рацете.