Кина
Шангај: Продолжени ограничувањата поради ширење на Ковид-19
05.04.2022 11:17
Затворањето на градот ќе биде во две фази, почнувајќи од источната половина, по што заклучувањето ќе се префрли на другата половина од градот.
Шангај ги продолжи епидемиолошките ограничувања во јавниот превоз, откако беше утврдено дека бројот на нови случаи на Ковид-19 се зголемил на повеќе од 13.000 случаи.
Затворањето на градот ќе биде во две фази, почнувајќи од источната половина, по што заклучувањето ќе се префрли на другата половина од градот.
Мерките за борба против заразната омикрон варијанта вклучуваат наредби за работа од дома, како и суспензија на јавниот превоз.
