Свет

САД успешно тестираше хиперсонична ракета

05.04.2022 11:34

Ракетната проба била спроведена неколку дена откако Русија со хиперсонично оружје од сопствениот арсенал ракетираше складиште за муниција во западна Украина...

САД во средината на минатиот месец извршија успешно тестирање на хиперсонична ракета, но не објавија детали за тоа за да се избегнат тензии со Русија, во периодот кога американскиот претседател Бајден требаше да патува во Европа.

Концептот за оружје за дишење со воздух (HAWC) беше лансиран од бомбардер Б-52 на западниот брег на САД, изјави официјален претставник за „Си- Ен- Ен“.

Ракетната проба била спроведена неколку дена откако Русија со хиперсонично оружје од сопствениот арсенал ракетираше складиште за муниција во западна Украина.