Свет
Судар на камион и воз во Унгарија, има настрадани
05.04.2022 13:36
Според информациите, камионот поминал на црвено светло на семафор и се судрил со воз.

Камион се судрил со воз во јужна Унгарија, при што возот излетал од шините, а животот го загубиле неколку лица.
Според информациите, камионот поминал на црвено светло на семафор и се судрил со воз. Од шините испаднал вагон со 22 патника, од кои двајца се тешко повредени, осуммина полесно.
