Невладини здруженија за права на Ромите спроведуваат свој попис во Штип
Невладини здруженија за заштита на правата на Ромите во Штип сметаат дека е направена грешка во пребројувањето на ромското население во општината. За да се утврди точниот број, започнаа со свој попис како дел од проект за дефинирање на демографската и социјалната структура на Ромите во Штип…

Државниот завод за статистика има направено голем пропуст во пребројувањето на Ромите во Општина Штип. Ова е став на невладините ромски здруженија. Според нивни анализи, бројот на ромско население во општината е скоро двојно поголем од евидентираните 2.700 лица.
Најголем проблем на Ромите во Штип е домувањето, заради што локалната власт со години работи на проектот за изградба на 47 типски куќи за најзагрозените семејства.
Локалната власт и невладиниот сектор во Штип реализираат неколку проекти за квалификација на Ромите, решавање на проблемот на лицата без лични документи и подигање на свеста на ромската заедница за правата од социјалната и здравствената заштита.
Славица Величковска
