Протест на родителите на деца со посебни потреби, бараат покачување на посебниот додаток
Родителите посочуваат дека месечно издвојуваат по 30 до 40 илјади само за лекови. Едвај врзуваат крај со крај, со минимални плати и 24 часовен надзор на детето од еден родител. На протестот пред владата се пожалија дека и во овие две години пандемија, децата со посебни потреби не добиле ништо од ковид-мерките.

Десет проценти од вкупната популација се со некаков вид попреченост, но сепак најтешко се чини им е на родителите на децата со такви проблеми. Велат дека малкуте средства што ги добиваат како помош од државата ги натерало да излезат на улица. Бараат покачување на посебниот додаток, туѓа нега за лицата со попреченост, мобилност и предвремена пензија.
„Бевме на разговори со министерката за труд и социјална политика, не ни прифати ништо од тоа. Само 15% да се покачи посебниот додаток и тоа во разговор со Министерството за финансии, ама овој викенд ни се покачи 15%, не знам кога разговараа со Министерството за финансии, но не кај сите, кај некој се покачи кај некој не“, вели Горан Камчевски, родител на дете со попреченост.
Посебниот додаток е околу 5.000 денари. Бараме 100 процентно зголемување. Родителите посочуваат дека месечно издвојуваат по 30 до 40 илјади само за лекови. Едвај врзуваат крај со крај, со минимални плати и 24 часовен надзор на детето од еден родител. На протестот пред владата се пожалија дека и во овие две години пандемија, децата со посебни потреби не добиле ништо од ковид-мерките.
„Кратиме, на едното дете нема да му купиме, ама лекарствата мора да му ги купиме. Тој има потреба и мора да кратиме од кај другите деца. Мислам дека не е убаво во ниту едно семејство да се крати, ама ние мораме“, изјави Анила Трајчевска, родител на дете со попреченост.
Доколку институциите немаат слух за нивните барања најавија дека ќе продолжат со протестите. Додаваат дека згрижувачките семејства ги уживаат повеќето права од нив кои се биолошки родители.
Биолошките родители на децата со посебни потреби коишто денеска излегоа на протест пред владата велат дека задоволни ќе бидат и доколку Министерството за труд и социјална политика ги изедначи со згрижувачките семејства.
Ана Ј. Тодорвска
