Политичките партии да покажат единство за влијанието на руската пропаганда
Политичките партии да покажат единство за влијанието на руската пропаганда која е очигледна, порачуваат експертите. На конференција во Битола, искажана загриженост откако деновиве во градот на конзулите, во централното подрачје, на повеќе локации имало испишано графити за руска поддршка…

Воведот во дебатата „ЕУ по руската инвазија-нов потенцијал за забрзан пристапен процес на земјите од Западен Балкан“ експертите го започнаа со големо разочарување и осуда од графитите со латинската буква „Z“ кои деновиве се појавуваат на повеќе локации во централното градско јадро. Овие графити покажуваат дека постојат поединци или групи кој шират лажна пропаганда, вели професорот Ѓуровски.
Ова е силен апел и до политичките партии да се прочистат од внатре, од евентуални контакти на нивни структури со антизападните елементи. Бидејќи овде не станува збор за тоа дали сте „русофили“ или „русофоби“ туку дали сте за војна или за мир, велат експертите. Тие со јасен став дека време е ЕУ да се разбуди од пандемскиот сон и отвори прашање за проширување на Западен Балкан, бидејќи тоа е и значајно безбедносно прашање.
Сè додека имаме статус-кво состојба, можноста за продлабочено влијание на овие структури ќе биде поголемо, затоа што одамна е кажано дека неколку држави на Балканот меѓу кои и нашата, се наоѓаат на линија на интересите на големите сили, велат експертите.
Стевче Митревски
