Генерален штрајк во Пошта на 14-ти април
Ваква одлука донесе синдикатот поради неисполнување на нивното барање за зголемување на платите на вработените во износ од 3.000 денари.

За 14-ти април закажан генерален штрајк во Пошта. Ваква одлука донесе синдикатот поради неисполнување на нивното барање за зголемување на платите на вработените во износ од 3.000 денари.
Претседателот на синдикатот Велигденов изјави дека биле неуспешни преговорите со управниот одбор и Владата. Напомена дека причината за штрајкот е и загриженоста кај над 2.200 вработени за иднината на компанијата и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, непокачување на платите повеќе од 30 години, супстандардни услови за работа, повеќегодишно необезбедување на средства за работа, но и незадоволство на вработените од постоечката систематизација, како и нереализирање на дел од барањата на вработените.
Од ССМ, пак, велат дека директорот Јани Макрадули претходно го ветил бараното покачување, но дека сега не се одзвал на сопственото ветување.
