Македонија

Активистичка инсталација за минималната плата

05.04.2022 16:05

Инсталацијата, покрај тоа што го потенцира двојното зголемување на минималната плата, повикува и на достоинствено почитување на трудот на работникот...

Утринава, на една од најфреквентните скопски раскрсници, осамна активистичка инсталација која се однесува на скорешното покачување на минималната плата на 18.000 денари, за разлика од деветте илјади денари колку што изнесуваше во 2016-та година. Преку размер 18:9, инсталацијата го потенцира двојното зголемување на „минималецот“ во земјава.

Инсталацијата, покрај тоа што го потенцира двојното зголемување на минималната плата, повикува и на достоинствено почитување на трудот на работникот и на натамошно покачување на платите преку пораката „18.000 денари плата нека биде само почеток“.