Продолжуваат предизборните активности на политичките партии

07.04.2014 11:03

Политичките партии денеска ја продолжуваат претседателската и кампањата за предвремените парламентарни избори...

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов и кандидатите за пратеници на партијата и коалицијата „За подобра Македонуија“ денеска ќе одржат митинзи во Маврово-Ростуше и во Дебар, како и средби со граѓани во Врапчиште и во Центар Жупа.
 
Митинг во Кавадарци и средби со граѓани во Градско, Неготино, Росоман и Демир Капија ќе има претседателскиот кандидат на ГРОМ Зоран Поповски, ДУИ е на митинг во Студеничани и на средби со граѓани во Зелениково и Сопиште, а ДПА ќе одржи централни митинзи во Сарај и во населбата Тетекс во Тетово.
 
Коалицијата за позитивна Македонија ќе има средба со граѓаните во општината и населбата Чашка и во населбата Црквино, а собир на граѓани ќе одржи во Домот на култура во Градско.