СЗО
СЗО: 99% од луѓето во светот дишат нечист воздух
05.04.2022 17:52
Квалитетот на воздухот е најлош во источниот дел на Средоземјето, во југоисточна Азија и во Африка...

Светската здравствена организација соопшти дека 99% од светската популација дише воздух кој не ги исполнува стандардите за квалитет.
Квалитетот на воздухот е најлош во источниот дел на Средоземјето, во југоисточна Азија и во Африка.
Од организацијата повикаа на намалување на употребата на фосилни горива кои предизвикуваат респираторни и кардиоваскулатни болести поради кои милиони луѓе годишно умираат предвремено.
