Зеленски се обрати во Советот за безбедност на ОН
Тој во своето обраќање рече дека руските сили убивале жени пред нивните куќи, дека убивале цели семејства, возрасни луѓе и деца, како и дека се обиделе да запалат тела...

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска се обрати во Советот за безбедност на Обединетите нации.
Тој во своето обраќање рече дека руските сили убивале жени пред нивните куќи, дека убивале цели семејства, возрасни луѓе и деца, како и дека се обиделе да запалат тела.
Украинскиот претседател претходно изјави дека Украина нема друг избор освен да преговара со Русија, но дека тој и рускиот претседател Владимир Путин можеби нема да разговараат лично. Тој ги повика Обединетите нации веднаш да дејствуваат.
Кремљ категорично ги отфрли обвинувањата дека руските сили убивале цивили во Буча.
