Ковид-19

Во Албанија потврдено присуство на Омикрон БА1 и БА2

05.04.2022 19:02

Албанскиот Институт за јавно здравје информираше дека во земјата е потврдено присуство на сојот Омикрон БА1 и БА2...

Албанскиот Институт за јавно здравје информираше дека во земјата е потврдено присуство на сојот Омикрон БА1 и БА2.

Примероци биле испратени во референтна лабораторија во Германија од каде информирале дека од вкупно 556 примероци се покажало дека во земјата циркулира БА1 и БА2 варијантите на Омикрон. Исто така, но со мал процент циркулира и сојот Делта.

Присуството на БА1е потврден кај 476 лица или 86 отсто од испратените примероци, БА2 имаат 46 лица или 8,3 проценти, а кај 18 лица или четири отсто потврдена е сојот Делта.