НЦАА

Канзас ја освои титулата во НЦАА, Кжижевски замина во пензија

05.04.2022 20:05

Во САД има традиција, кога се игра финалето на НЦАА лигата, НБА клубовите имаат слободен ден. Така беше и овојпат, спектакуларна вечер пред 70.000 навивачи во арената „Супердом“ во Њу Орлеанс, кои беа сведоци на најголемиот пресврт во историјата на финалните натпревари, а Канзас ја прослави својата 5-та титула.

Во САД има традиција, кога се игра финалето на НЦАА лигата, НБА клубовите имаат слободен ден. Така беше и овојпат, спектакуларна вечер пред 70.000 навивачи во арената „Супердом“ во Њу Орлеанс, кои беа сведоци на најголемиот пресврт во историјата на финалните натпревари, а Канзас ја прослави својата 5-та титула.

Иако на полувреме Северна Каролина, водеше 40:25, во второто фанатична борбеност на кошаркарте на Канзас кои успеаја да се изборат за пресврт, најголем во историјата. Во првото полувреме некогашниот колеџ на Мајкл Џордан водеше со 16 разлика, а ривалот успеа да се врати и да ја освои титулата. Досегашниот рекорд за „кам бек“ во финалните мечеви изнесуваше 15 поени, а датира од далечната 1963 година кога Лојола го совладала Синсинати. Најефикасни беа Вилсон и Мекормак со по 15 поени, колку што имаа и Бејкот и Дејвис кај поразениот состав. Тоа е 5-та титула за Универзитетот Канзас во НЦАА, прва по 2008 година.

Оваа сезона целиот настан ќе се памети и по збогувањето на еден од најтрофејните тренери во историјата на колеџ лигата, но и на американската кошаркарска репрезентација Мајк Кжижевски, кој два дена претходно со тимот на Дјук беше поразен во полуфиналето од Северна Каролина. Популарниот „Коуч К“ беше на клупата на „сините ѓаволи“ 42 години во кои ги одведе до 13 учества на „Фајнал 4“ и освои 5 титули, а голем број негови студенти станаа НБА ѕвезди. Тренерот кој од 2001 е во домот на славните со своите заслуги во кошарката, а пет години потоа и во домот на славните во колеџ кошарката, седна на жешката селекторска клупа на САД во 2006 година и ги врати Американците на тронот на меѓународната кошарка. Остана на селекторската позиција до 2016 година, а со него на клупата САД освоија три едноподруго олимписки титули – во Пекинг, Лондон и Рио и две светски првенства, во Турција и Шпанија.