Пелистер домаќин на Силекс, Македонија ЃП ќе гостува во Струга
ФФМ денес со ждрепка ги одреди полуфиналните двојки во фудбалскиот куп на Македонија...

ФФМ денес со ждрепка ги одреди полуфиналните двојки во фудбалскиот куп на Македонија. Меѓу четирите најдобри се три прволигаши и еден второлигаш, бранителот на трофејот Силекс. Од полуфиналистите три се радувале на купот, а единствено најмладиот учесник во завршницата Струга Трим Лум нема титула.
Стружани на пат кон првото финале за противник ќе ја имаат екипата на Македонија Ѓ П, која по четврти пат ќе се обиде да се пласира во финалето и да се бори за вториот куп трофеј. Во второто полуфинале двојниот освојувач Пелистер ќе се бори за шесто финале, против тимот на Силекс, кој има три трофеи во вкупно 4 финални мечеви.
Согласно пропозициите, ќе се игра само по еден натпревар, закажан на 20-ти април, а домаќини се Струга и Пелистер. Победниците ќе се пласираат во финалето, планирано еден месец подоцна, на 20-ти мај на националната арена „Тодор Проески“.
