Еурофарм Пелистер ја заврши европската сезона
Битолчани имаа добри предуслови да ги анулираат гостинските 3 разлика од Нашице, каде што загубија со 26:29. Играа пред преполни трибини во салата „Боро Чурлевски“ и поведоа со 5:2 во почетните моменти.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги завршија настапите во ЕХФ Европската ракометна лига. Вторпат се поразени во двомечот со Нексе, овојпат во Битола со 21:22 во реваншот од осмина финалето во ова натпреварување.
Битолчани имаа добри предуслови да ги анулираат гостинските 3 разлика од Нашице, каде што загубија со 26:29. Играа пред преполни трибини во салата „Боро Чурлевски“ и поведоа со 5:2 во почетните моменти. Но, наместо продолжување на добрата игра, им дозволија на гостите се консолидираат и на полувреме се замина со резултат 11:11.
Во второто полувреме Нексе во најголем дел беше во водство, со одлична одбрана и прецизни напади. Гостите влегоа во последните 8 минути со предност од 17:20 и до крајот не му дозволија на домашниот состав да се надева на пресврт.
Најефикасен во редовите на Пелистер беше Мандалиниќ со 6 гола, Табоа постигна 5, додека кај Нексе Томиќ и Јелиниќ завршија со по 5 гола. Со овој пораз битолчани ги завршија европските обврски сезонава и во наредниот период ќе се насочат на завршницата на првенството и купот на Македонија.
