ФУДБАЛ
Шаќири привремено на тренерската клупа на Шкендија
06.04.2022 09:12
Долгогодишниот македонски репрезентативец кој имаше и одлична клупска кариера, точно пред една деценија ја започна тренерската кариера токму во тетовскиот клуб.

Артим Шаќири се враќа на клупата на Шкендија од Тетово, која вчера ја прекина соработката со Бруно Акраповиќ поради слабите резултати. Долгогодишниот македонски репрезентативец кој имаше и одлична клупска кариера, точно пред една деценија ја започна тренерската кариера токму во тетовскиот клуб.
Овојпат таму ќе биде привремено, до наоѓање на нов тренер, а во меѓувреме ќе продолжи како спортски директор во клубот.
