Свет
САД одобри продажба на опрема за противвоздушна одбрана на Тајван
06.04.2022 10:53
Опремата е во вредност од 95 милиони долари, соопшти Пентагон...

Американскиот Стејт департмент одобрил продажба на опрема, обука и други ставки за надградба на системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Тајван.
Опремата е во вредност од 95 милиони долари, соопшти Пентагон. Пакетот предвидува обука, планирање, распоредување и одржување на тајванските системи „Патриот“.
Сè уште не е потврдено дали договорот е веќе потпишан и дали преговорите се завршени.
