Свет
Продолжуваат антивладините протести во Перу
06.04.2022 11:16
Демонстрантите бараат оставка од претседателот Педро Кастиљо по зголемувањето на цените на горивата и храната.

Антивладините протести во Перу продолжија и покрај воведениот полициски час. Демонстрантите бараат оставка од претседателот Педро Кастиљо по зголемувањето на цените на горивата и храната.
Тој се оправдува-покачувањата се под притисок на војната во Украина. Безбедносните сили со солзавец ја растераа толпата демонстранти кои фрлаа со камења кон полицајците.
