Заврши европската должност на македонските тимови
Колку и да посакувавме поинаков тек, а особено крај на осминафиналната реванш пресметка Веспрем – Вардар во елитното ракометно континентално друштво, Лигата на Шампиони, за жал не се случи...

Колку и да посакувавме поинаков тек, а особено крај на осминафиналната реванш пресметка Веспрем – Вардар во елитното ракометно континентално друштво, Лигата на Шампиони, за жал не се случи. Веспрем иако не доминираше дома, сепак и ремито со црвено – црните, европскиот владетели од 2017-та и 2019-та (и тоа последниот пат токму преку унгарците) 31:31, беше еднакво на победа, ако се знае дека апострофирана беше појдовната предност на Веспрем од цели 8 плус, по скопскиот дуел пред седум дена.
Со гостувањето во Веспрем вардарци ја завршија европската должност за сезонава во која можеби можеше да биде текот поинаков, доколку и некои реакции внатре, клупски беа понавремени.
Сега Вардар се насочува кон СЕХА лигата и домашниот шампионат каде ќе оди на нова национална круна која повторно би ги делегирала вардарци во престижната лига. Што се однесува до Веспрем, тимот ги продолжува евро амбициите со фокус на ¼ финалниот ривал, ланскиот финалист Алборг.
Потсетуваме дека со синоќешниот пораз и елиминација од Нексе на Еурофарм Пелистер, заврши македонското партиципирање во клупска Европа.
