Прволигашки епилог...гостинска доминација и реми за оставка
Денешниот епилог во 26-тото првенствено прволигашко фудбалско коло донесе гостинска ефикасност...

Денешниот епилог во 26-тото првенствено прволигашко фудбалско коло донесе гостинска ефикасност. Македонија ЃП славеше во Тетово со гол во 94-тата минута. Сигурно славје заведе Работнички по смената на тренерот Христов викендов низ 3:0 над Брегалница, а и Шкендија со полн плен се врати од Битола по победата од 2:0 против Пелистер. Единствено домашен триумф се одигра во Кавадарци каде Тиквеш славеше во пресметката со Струга 2:0. Два натпревари завршија реми Скопје – Шкупи 0:0 и Борец – Академија Пандев 1:1. Токму епилогот во Велес донесе повторно промена на тренерска позиција. Предводникот на Академија Пандев Ѓорѓе Стојчев, по денешниот нерешен исход и поразот пред 4 дена си поднесе оставка.
Стојчев вели: „После двата последни резултати одговорноста ја преземам јас како тренер. Им посакувам на клубот и играчите во иднина исполнување на зацртаните цели и се надевам дека Академија Пандев ќе игра во европските натпреварувања“.
Воедно Стојчев се заблагодари на Горан Пандев и клубот, потенцирајќи дека работел со срце и душа од создавање на клубот па се до денес.
Стојчев од зимава застана на тренерската позиција на Академија Пандев, заменувајќи го дотогашниот предводник Александар Васоски. Инаку, во неполни пет дена три македонски прволигаши останаа или назначија нови тренери.
