Оксфорд го победи Кембриџ
Веслачкиот состав на Оксфорд го победи Кембриџ во 160.трка на двата најславни и најпознати англиски универзитети, одржана на реката Темза во Лондон.
Осумката на Оксфорд забележа еден од најуверливите триумфи во поблиското минато, минувајќи низ целта со предност од дури 11 должини на чамецот. Клучната разлика ја направи по судирот со веслата пет минути по почетокот на натпреварот, кога еден од веслачите на Кембриџ накратко испадна од своето седиште. Поразениот тим се жалеше по трката, но судијата го отфрли протестот.

Во победничките редови имаше тројца олимпијци – канадскиот освојувач на злато од Пекинг 2008 Малколм Хауард и бронзените од Игрите во Лондон 2012, Британецот Константин Лулудис и Новозеланѓанецот Сторм Уру.
За Оксфорд ова беше петти успех во последните седум години, со којшто уште повеќе ја намали својата негатива во севкупниот биланс. Кембриџ има 81, Оксфорд 78 победи, а една трка заврши без победник.
Епското веслачко ривалство меѓу најпопуларните универзитети датира уште од 1829. На бреговите на Темза секоја година се собираат по повеќе од 150 илјади луѓе, а уште милиони будно ја следат преку телевизиските екрани.