Реал Мадрид славеше во Лондон, Вилјареал го изненади Баерн Минхен
На два пати во три минути, 21-ва и 24-та Бензема прецизен за шок на Стенфорд Бриџ...

Ситуацијата во Челзи се чини си го прави своето, но ни оддалеку не се потценува победата во Лондон на Реал Мадрид од 3:1 во првиот четврт финален дуел во елитното фудбалско клупско континентално натпреварување, Лигата на шампиони.
На два пати во три минути, 21-ва и 24-та Бензема прецизен за шок на Стенфорд Бриџ, за 5 минути пред крајот на истекот на првите 45, Хаведз намалува на 2:1.
Вториот дел повторно го отвори, а и го затвори Бензема за во тој момент, а и конечни 3:1 и втор хет-трик за него по осмина финалниот со ПСЖ. Се чини уште пред реваншот во Мадрид, „кралевите“ се решени за сериозна одмазда за ланската финална елиминација од лондончаните во елитата, преку трасирање на патот кон 10-тото ½ финале со ред, или 31-во севкупно.
Но, ова се бројки кои сепак фасцинираат, но до нив ќе треба да ги почекаме 90-те најмалку мадридски минути на 12-ти април.
Иако е четврт финале, сепак како изненадување доаѓа победата на Вилјареал дома над Баерн Минхен од 1:0 со помалку чуден погодок уште во првиот дел, односно во 8-та минута преку Данјума, но и игра на шпанците преку која можеше резултатски и повеќе да профитираат пред реваншот. Се знае како спортски сурови знаат да бидат германците на свој терен, но сепак убава поука е поразот во Шпанија за баварците.
