Децата и натаму жртви на семејно насилство

21.11.2013 09:09

Се раѓаат безгрижно, не знаејќи за светот што ги опкружува. Задача на секој е на најмладите да им обезбеди дом полн со љубов и топлина, да ги води низ животот со радост и смеа. Но многумина ја злоупотребуваат  чистотата  на детското срце. Во најлош случај има физички и психички злоупотребии. На нивниот ден, децата пратија порака до возрасните.

„Сакам да им порачам на родителите да не ги тепаат децата и да не ги караат“.

„Да не ги караат и да не ги тепаат“.

„Да другаруваат, да не се тепаат“.

„Да другаруваат“, велат децата.

Кога тато и мама се на работа, улогата на родител ја има воспитувачката. Со нејзина помош децата во градинките  ги учат првите зборови, песнички, другаруваат. Преку реални ситуации ги учат како да го разликуваат доброто од лошото.

„Реализација на секојдневни случки од животот преку драматизација, читање на текстови“, вели Кита Павловска, директор на градинката „13 Ноември“.

Докторите советуваат - родителите редовно да ги носат децата на систематски преглед.

„Сите родители практикуваат да ги оставаат децата да одат боси, а секаде каде што имаме рамни подови ќе имаме и рамни стапала. Тоа е обична логика. Често треба да се следи и да се превенира држењето на `рбетот“, порача д-р Димитар Споа, ортопед-хирург.

На денот на детето, УЈП донираше медицинска опрема за Здравствениот дом - Скопје.

„Ова е втора година како донираме. Веруваме дека ќе прерасне во традиција, како на УЈП, така и на синдикалната организација“, вели Горан Трајковски, директор на Управата.

Во земјава 18 илјади деца не одат на училиште. Тие се најчести жртви на педофилија и трговија. Светските организации на овој ден ги повикуваат децата да го кренат својот глас. Алармираат дека злоупотребата, особено сексуалната, е глобален проблем кој бара внимание и заштита.

Новинар

Викторија Тодоровска