Македонија

Ќе се врати ли сончогледот во Овчеполието со владини субвенции и со повисока откупна цена?

07.04.2022 17:31

И без ДДВ маслото за јадење достигнува рекордно високи цени. Производителите со став висока производната цена е висока заради скапите репроматеријали. Владата во обид да го врати сончогледот на македонските полиња...

Маслото за јадење во маркетите достигна рекордни 130 денари, производителите велат дека тоа е резултат на растот на цената на сировото масло на светско ниво. За да не бидат производителите скоро целосно зависни од увоз на репроматеријали, владата најави субвенции за производителите на сончоглед.

Пред неколку децении сончогледот најмногу беше застапен во овчеполието, постарите генерации паметат дека во лето беше вистинско уживање да се патува на релацијата Велес – Штип, од двете страни на патот имаше бескрајни полиња под сончоглед

Сушата и откупната цена се најголемите причини за исчезнувањето на сончогледот од овчеполието

Владата одлучи да го забрани извозот на семе и масло од сончоглед до 15-ти април. Од 17-ти март маслото за јадење се продава без данок на додадена вредност.

Славица Величковска