Македонија

Србија ги крена рампите за увоз на пченица во земјава

07.04.2022 17:47

Србија ги крена рампите за увоз на пченица во земјава. Според ресорниот министер ќе бидат испорачани двојно поголеми количества од првично договорените. Николовски ги повика земјоделците да ги користа интервентните мерки за производство на житни култури но не им одговори на новинарите зошто во продавниците цените на лебот растат, а маслото за јадење го нема. Ги упати прашањето да го упатат на надлежните во Владата иако и тој како министер е дел од кабинетот...

Има доволно лебно жито и масло за јадење, проблем во снабдувањето нема да има – тврди министерот Николовски. Србија ги крева рампите за увозот на пченица, пченка и сончогледово масло. Вели наместо првично договорените 50 илјади тони, српската Влада отворила можност за испорака на двојно поголема количина по ставот на коморите дека стигнале поголеми побарувања од македонски компании.

Николовски потврди дека се договора и количината на пченица која ќе се зема од Бугарија. ОД ВМРО - ДПМНЕ велат дека власта се однесува неодговорно, цените растат,бара ако резервите се полни да интервенира на пазарот.

Според министерот неосновани се изјавите на опозицијата која вели истите тврдења ги имала и за пченицата од Србија, а се докажало дека ќе има количества за сите компании што побарале од било која комора. На прашањето зошто и покрај сите овие мерки, граѓаните плаќаат поскап леб, а маслото за јадење и го нема во продавниците, Николовски вели тоа не е во негова надлежност. Апелира земјоделците да ги користат новите интервентни мерки со зголемени и дополнителни субвенции за вештачко ѓубриво и приноси по хектар на стратешки земјоделски култури.

Сузана Фиданска Стоевска