Свет
Пукотници во центарот на Тел Авив
07.04.2022 23:31
Две лица загинаа, а осум се повредени во пукотница вечерва во центарот на Тел Авив, соопшти болницата...

Две лица загинаа, а осум се повредени во пукотница вечерва во центарот на Тел Авив, соопшти болницата.
Израелската амбуланта соопшти дека тоа се случило во улицата Дизенгоф, полна со луѓе на место каде има неколку барови и ресторани и на неколку други места околу центарот на градот.
Во соопштението на полицијата се наведува дека мотивот за пукањето е нејасен. Според последните информации четворица се во критична состојба.
