Формула 1

Атрактивно, но и опасно

07.04.2014 12:57

Колку и да изгледаше атрактивно превртувањето на Естебан Гутиерез по ударот од Малдонадо, сепак впечаток е дека мексиканецот имаше многу среќа што мина неповреден. Според неговата изјава лекарските прегледи покажале дека нема никакви повреди, но затоа од ФИА очекувано следуваа казни.

Пастор Малдонадо на следната трка ќе стартува 5 места поназад од местото што ќе го обезбеди на квалификациите, а доби и 3 казнени поени во супер-лиценцата. Се полни и книшката на Жил Бјанки. Французинот во болидот на Марусиа доби дополнителни 2 поена во возачката книшка поради инцидентот со Сутил и сега има вкупно 4.