Франција
Се стеснува разликата меѓу Макрон и Ле Пен
08.04.2022 11:45
Според анкетата на француска онлајн телевизија, за Макрон би гласале 26 проценти од избирачите, додека Ле Пен би добила 22 насто од гласовите...

На три дена пред првиот круг од претседателските избори во Франција се стеснува разликата меѓу актуелниот претседател Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен.
Според анкетата на француска онлајн телевизија, за Макрон би гласале 26 проценти од избирачите, додека Ле Пен би добила 22 насто од гласовите. Главниот адут на двајцата опоненти е миграцијата, јавните услуги, здравството, правосудството.
В недела на изборите ќе учествуваат вкупно 12 кандидати.
