Товарен авион се преполови при принундно слетување во Костарика
Несреќата предизвика привремено затворање на меѓународниот аеродром во Сан Хозе. Двајцата членови на екипажот се во добра состојба.

Товарен авион Боинг-757 на германскиот логистичкиот гигант ДХЛ се преполови при принудно слетување во Костарика. Несреќата предизвика привремено затворање на меѓународниот аеродром во Сан Хозе. Двајцата членови на екипажот се во добра состојба.
„Пожарникарите реагираа брзо и успеаја да ги извлечат двајцата пилоти. Засега аеродромот останува затворен. Претходно пилотите известија за проблем со хидрауликата“, изјави Хектор Чавез, директор на противпожарната служба на Костарика.
Очевидци велат дека додека запирал на пистата, чад избил од авионот по што се излизгал од пистата и се преполовил во предлот на задните тркала.
