Свет

Продолжуваат протестите во Перу

08.04.2022 11:55

Протестите неколкупати завршија со немири по улиците и пресметка со полицијата. Политиколозите велат дека единствениот излез од кризата ќе биде оставка на владата и нови избори...

Илјадници демонстрираа во и околу главниот град на Перу, Лима ги продолжија неколку дневните демонстрации поврзани со зголемувањето на цените на горивото и храната. Протестите неколкупати завршија со немири по улиците и пресметка со полицијата. Политиколозите велат дека единствениот излез од кризата ќе биде оставка на владата и нови избори.

„Владата нема план или формула за соочување со криза, за справување со инфлацијата. Мора да најде пат надвор од кризата“, вели Лусио Кастро, генерален секретар на синдикатот на работниците во образованието.

Поддржувачите на претседателот Педро Кастиљо бараат конгресот да биде затворен откако тој го укина краткотрајниот полициски час што беше воведен во земјата за да ги задуши протестите. Кастиљо за само осум месеци на функцијата преживеа два обиди за импичмент.