Не е лошо да си пензионер
Според британскиот таблоид Сан, поранешниот прославен фудбалски тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон и во пензиските денови заработува одлично.

Не е лошо да си пензионер,ако си Алекс Фергусон. Според британскиот таблоид Сан, поранешниот прославен фудбалски тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон и во пензиските денови заработува одлично. Иако 9 години е во фудбалска пензија Фергусон на годишно ниво заработува над 12 милиони фунти или 235.000 фунти неделно.
Најголемиот дел од средствата се од неговиот бизнис со книги, инвестициите, мотивациските говори и од трките со коњи што се негова огромна страст.
За мотивациски говор што ги држи насекаде низ светот заработува околу 100.000 фунти, а дополнително како амбасадор на Манчестер Јунајтед има и годишен приход од 2 милиона фунти. Што би рекол народот: „Капе од сите страни“.
